• петок, 05 декември 2025

Советот за безбедност на ОН ќе се состане за американските напади врз Иран

Советот за безбедност на ОН ќе се состане за американските напади врз Иран

Њујорк, 22 јуни 2025 (МИА) - Советот за безбедност на ОН ќе се состане подоцна денеска, соопштија дипломати. Состанокот е закажан откако САД се придружија на израелскиот напад врз Иран и ги погодија главните нуклеарни постројки во земјата преку ноќ со масивни бомби дизајнирани да уништат бункери.

Иран побара состанок, повикувајќи го 15-членото тело да „се справи со овој очигледен и нелегален чин на агресија, да го осуди на најсилен можен начин“.

Амбасадорот на Израел во ОН, Дени Данон, рече дека САД и Израел „не заслужуваат осуда, туку израз на благодарност што го направија светот побезбедно место“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан