Советот за безбедност на ОН едногласно ја продолжи мировната мисија во Либан
- Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ја продолжи мировната мисија во Либан за уште една година.

Њујорк, 28 август 2024 (МИА) – Советот за безбедност на ОН денеска едногласно ја продолжи мировната мисија во Либан за уште една година.
Привремените сили на ОН во Либан (УНИФИЛ) се формирани во 1978 година и патролираат на јужната граница на Либан со Израел.
Мандатот на операцијата се обновува секоја година, а сегашниот истекува в сабота. јт/