• сабота, 06 јули 2024

Советник на Трамп позитивен на коронавирус

Советник на Трамп позитивен на коронавирус
Вашингтон, 12 ноември 2020 (МИА) - Советникот на изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп, Кори Левандовски е позитивен на коронавирус. Тој изјави дека најверојатно се заразил во Филаделфија, но немал никакви симптоми. Левандовски присуствувал на неколку настани за време на изборната кампања, како и на прославата во текот на изборната ноќ во Белата куќа, на која биле неколку луѓе кои подоцна е утврдено дека биле позитивни на тестот за Ковид-19. Голем број вработени во Белата куќа се позитивни на коронавирус во вториот бран на епидемијата, вклучувајќи го и шефот на кабинетот на Трамп, Марк Медоуз. гт/

Остани поврзан