• петок, 20 декември 2024

Советникот за национална безбедност на Трамп ја призна победата на Бајден

Советникот за национална безбедност на Трамп ја призна победата на Бајден
Вашингтон, 16 ноември 2020 (МИА) - Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Роберт О’Брајан вети „многу професионална транзиција“ кон администрацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден во денеска објавено интервју, иако Трамп продолжува да тврди дека победил на изборите на 3 ноември. Говорејќи на Глобалниот безбедносен форум, коспонзориран од Катар, О’Брајан во повеќе наврати ја спомена претстојната транзиција (кон новата администрација) и ги посочи неодамнешните мировни договори, кои Бахреин, Судан и ОАЕ ги постигнаа со Израел, како „големо достигнување на претседателот Трамп, со кое тој ќе се повлече од власт“. Изјавата на Роберт О’Брајан е едно од најкатегоричните признанија досега од страна на висок функционер во администрацијата на Трамп, дека Бајден победил на изборите. - Ако на крајот тандемот Бајден-Харис биде прогласен за победник, а работите очигледно изгледаат така сега, ние ќе спроведеме многу професионална транзиција од Советот за национална безбедност. Нема сомнеж во тоа, нагласи советникот на Трамп. О’Брајан истакна дека примопредавањето меѓу двете администрации е направено многу пати успешно и мирно, дури и во најтешките периоди. гт/

Остани поврзан