• петок, 22 ноември 2024

Совети за правилна нега на пегите

Совети за правилна нега на пегите
Лос Анџелес, 3 август 2021 (МИА) - Пегите се нарекуваат и „украси на лицето“ оти многумина ги гледаат како признак на убавина. Сепак, важно е и да се води соодветна грижа за овие симпатични црвени точки, бидејќи може да се појави меланом - малиген тумор на пигментираните клетки на кожата. Меланомот може да се препознае по неговата асиметрија, рабовите, промена на бојата, дијаметар поголем од шест милиметри и начинот на кој се шири. Ако забележите дека пегата има повеќе нијанси на кафеава боја и станува поголема од гума на молив, време е за итно одење на лекар. Раната превенција е клучна. Исто така, треба да се прави лекарски преглед еднаш годишно, бидејќи може да се појават и проблематични пеги коишто не се видливи за окото. Пегите кои постојано се лупат или крварат треба да ги отстрани професионалец. Покрај меланомот, може да се појават и сквамозни клетки, кои исто така можат да предизвикаат рак. Ако некој, едноставно, не сака да има пеги, се препорачува тие да се отстранат со ИПЛ-ласерски третман или со користење хидрохинон од четири отсто што се купува со рецепта. Според Американската академија за дерматологија, ако „изгорите“ на сонце пет или повеќе пати на возраст од 15 до 20 години, опасноста од меланом се зголемува за 80 насто. Користете крема за сончање која штити од УВА, УВБ и инфрацрвени зраци. Тие обично содржат цинк оксид и титаниум диоксид.  си/сд/

Остани поврзан