Совети за здрав појадок
- Здравиот појадок може да помогне да се избегнат грицките пред ручекот, како и за подобра концентрација. Општо земено, луѓето кои не го прескокнуваат појадокот имаат подобри навики во исхранат

Скопје, 23 септември 2022 (МИА) - Појадокот е најважен оброк во денот. По добар ноќен сон или, особено - по пост, на телото му требаат хранливи материи и енергија што му се неотпходни за да функционира нормално.
Здравиот појадок може да помогне да се избегнат грицките пред ручекот, како и за подобра концентрација. Општо земено, луѓето кои не го прескокнуваат појадокот имаат подобри навики во исхраната, што помага во контрола на тежината и ја намалува опасноста од дијабетес и срцеви заболувања. Следат шест здрави намирници коишто треба да ги вклучите во редовната исхрана. Јајца Тие се богати со протеини и се нискокалорични, па помагаат за ситост подолго време, како и за стабилно ниво шеќер крвта. Јајцата содржат и антиоксиданси лутеин и зеаксантин, што помагаат во спречување на нарушувања на видот. Тие се добри и за срцето, бидејќи го регулираат холестеролот.
