Собјанин: Соборени три украински дрона што се движеа кон Москва
- -Службите за итни случаи работат на местата каде што паднаа остатоците од дроновите, објасни Собјанин, цитиран од руските медиуми
Москва, 10 јули 2025 (МИА) - Руската воздушна одбрана собори три украински дрона што во понеделникот се движеа кон Москва, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, цитиран од британските медиуми.
-Службите за итни случаи работат на местата каде што паднаа остатоците од дроновите, објасни Собјанин, цитиран од руските медиуми
Руското Министерство за одбрана, исто така, соопшти дека 14 украински дронови, денеска, меѓу 15 и 16,30 часот по локално време биле соборени над Брјанскиот регион и уште осум над Белгородскиот регион. Двата региони се граничат со Украина.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите.
Во меѓувреме, руската агенција за цивилно воздухопловство „Росавијација“ соопшти дека летовите до и од аеродромот во Калуга, град на околу 200 км југозападно од Москва, се привремено прекинати.сд/
фото:МИА архива