• петок, 05 декември 2025

Собјанин: Одбиен напад со четири украински дронови врз Москва

Собјанин: Одбиен напад со четири украински дронови врз Москва

Москва, 5 мај 2025 (МИА) - Русија синоќа објави дека спречила напад на украински беспилотни летала врз Москва, неколку дена пред прославата на Денот на победата над нацистичка Германија на 9 мај во 1945 година.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, преку каналот Телеграм изјави дека воздушната одбрана го одбила нападот на четири беспилотни летала што летале во правец на Москва и дека немало материјална штета или жртви.

Главниот град на Русија веќе неколку пати бил цел на украински беспилотни летала.

Овој напад на украински беспилотни летала е извршен неколку дена пред воената парада закажана за 9 мај на Црвениот плоштад во Москва, на која треба да присуствуваат странски лидери, кинескиот претседател Си Џинпинг, бразилскиот претседател Луис Ињасио Лула да Силва и други.

По повод прославата на 9 мај, рускиот претседател Владимир Путин предложи тридневно примирје во Украина од 8 до 10 мај со цел, како што изјави, да се тестира подготвеноста на Киев за мир.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека не верува оти Русија ќе го почитува прекинот на огнот.

Одделните разговори со Москва и Киев, во кои Вашингтон е посредник, траат повеќе од два месеци, и засега нема излез од воениот конфликт предизвикан од рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан