• сабота, 13 јули 2024

Собрани 20 крвни единици во крводарителска акција во Струга

Собрани 20 крвни единици во крводарителска акција во Струга

Струга, 29 ноември 2023 (МИА) - Вкупно 20 крвни единици се собрани во денешната крводарителска акција на Црвени крст Струга и хотел „Бeоград“.

Секретарот на струшкиот Црвен крст, Адуриме Даути, информираше дека тоа е традиционална крводаритеска акција што ја организираат со хотелот во овој период од годината, а целта е младите да се насочат кон крводарување.

-Целта на ваквите крводарителски акции е да привлечеме нови краводарители и да создадеме навика кај младата популација да даруваат крв. А дарувањето крв има само една цел - спасување човечки животи. Тоа е единствен начин на кој можеме да им помогнеме на тие што имаат потреба од течноста што живот значи, истакна Даути.

Одѕивот на денешната, 14-та крводарителска акција ги исполнил очекувањата на струшкиот Црвен крст. Секретарот на организацијата очекува до крајот на годината да се реализира годишниот план од околу 2000 дарувања.

- Постојано апелираме за крводарување, а со тоа сакаме во секое време да има доволно крв според потребите на нашиот здравствен систем, рече Даути. сс/хс/ 

Фото МИА

Остани поврзан