• петок, 05 декември 2025

Собрани 19 крвни единици во вонредна крводарителска акција во велешката касарна  

Собрани 19 крвни единици во вонредна крводарителска акција во велешката касарна  

Велес, 29 јули 2025 (МИА) - На денешата вонредна доброволна крводарителска акција во велешкиот гарнизон на Армијата „Алексо Демниевски-Бауман“  беа собрани  вкупно 19 крвни единици. На акцијата учествуваа офицери, подофицери, професионални војници и цивилни лица работно ангажирани во касарната, информира за МИА Орце Николов, секретар на ООЦК Велес.

-Вработените во Армијата и воени и цивилни лица и денеска како и во многуте досега изведени акции за крводарување ја искажаа својата хуманост на дело со даруваната крв да спасат нечиј живот во опасност, потенцира Николов.

Крводарителската акција ја реализираше Општинска организација на Црвен крст Велес во соработка со медицинска екипа од  Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Во реализацијата беа вклучени двајца  волонтери од Клубот на млади на Општинскиот Црвен крст.

Во велешкиот гарнизон оваа е втора годинашна акција за доброволно дарување на крв, а на есен ќе се одржи и трета акиција која е редовна акција согласно календарот за крводарување на Општинската организација на Црвен крст Велес. ад/мд/

 

Остани поврзан