• петок, 05 декември 2025

Собраниска делегација на 32-та годишна сесија на ПС на ОБСЕ

Собраниска делегација на 32-та годишна сесија на ПС на ОБСЕ

Скопје, 4 јули 2025

-Декларацијата од Порто усвоена едногласно на Пленарната сесија на ПС на ОБСЕ, ја повторува континуираната важност на Завршниот акт од Хелсинки и повторно се посветува на почитување и промовирање на неговите принципи, вклучувајќи го почитувањето на суверенитетот, воздржувањето од закана или употреба на сила, неповредливоста на границите и почитувањето на човековите права и основните слободи.

На Пленарната сесија на ПС на ОБСЕ настапи Моника Зајкова, шеф на Делегацијата која истакна дека денешниот свет е далеку од безбедно место за живеење, па затоа е повеќе од потребно да се потврди дека заштитата на основните права и слободи, особено во ситуации на вооружени конфликти и хуманитарни кризи, е трајна универзална вредност и предуслов за рамномерен општествен развој. Секако, главната алатка за обезбедување заштита на основните права и слободи е постојниот мултилатерален систем и неговите структури, вклучувајќи ја и ОБСЕ како најголема регионална безбедносна организација во светот.

Таа укажа дека мора да се обнови посветеност на основните начела на Хелсиншкиот завршен акт: да се почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на сите држави, мирно да се решаваат споровите, да се промовираат човековите права и основните слободи и да се одржува дијалогот дури и кога довербата е нарушена.

Одбележувајќи ја 50-годишнината од ОБСЕ, жалејќи се што многу од неговите основни принципи на соработка и дијалог се поткопани од трендот на непочитување на меѓународните правила и обврски, Парламентарното собрание на ОБСЕ денес ги повика сите земји-учеснички во ОБСЕ повторно да се посветат на духот на соработка што го инспирираше потпишувањето на Завршниот акт од Хелсинки во 1975 година.

Исто така ПС на ОБСЕ избра ново раководство, при што Пере Жоан Понс (Шпанија) беше избран за двегодишен мандат за претседател на ПС на ОБСЕ. Исто така Собранието избра четири потпретседатели: Еугенио Зофили (Италија), Луси Потучкова (Чешка), Габор Хајду (Романија) и Ирене Хараламбидес (Кипар). Јохан Бизер (Шведска) беше повторно избран за благајник. Трите генерални комитети го избраа своето раководство за следната година.

Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) во состав: Моника Зајкова, шеф на Делегацијата, Никола Мицевски и Халил Снопче, членови, учествуваа на 32-от Годишна сесија на ПС на ОБСЕ, што се одржува од 29 јуни до 3 јули 2025 година во Порто, Португалија.

Парламентарното собрание на ОБСЕ го сочинуваат 323 парламентарци од 57 земји од Европа, Централна Азија и Северна Америка. Собранието обезбедува форум за парламентарна дипломатија, набљудување на избори и зацврстување на меѓународната соработка за исполнување на заложбите на ОБСЕ во врска со политичките,безбедносните, економските прашања, прашањата за човековите права и животната средина.

Во прилог е Декларацијата од Порто.

Собрание на РСМ

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото Собрание на РСМ 

Остани поврзан