• недела, 19 јануари 2025

Собранието ќе распише нов оглас за четврти член на Комисијата за заштита на конкуренцијата

Собранието ќе распише нов оглас за четврти член на Комисијата за заштита на конкуренцијата

Скопје, 18 декември 2024 (МИА) - Комисијата за прашања на изборите и именувањата че побара Собранието да распише нов јавен оглас за четвртиот член на Комисијата за заштита на конкуренцијата бидејќи пратеникот Ријад Шаќири го повлекол предлогот член на Комисијата да биде Насер Жарку. 

Ова денеска на седница на ова законодавно тело го соопшти претседателот на собраниската Комисија Ѓорѓија Сајкоски. 

Чкеновите на Комисијата гласаа за измена на одлуки за членови на комисии на Собранието на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, а поддршка доби и барањето за апанажа на поранешниот претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување Крсте Шајноски и уште еден поранешен член на оваа Агенција. ев/са/

ФОТО: МИА Архива 

Остани поврзан