• петок, 19 декември 2025

Собранието ја констатира оставката на претседателката на ДКСК Татјана Димитровска

Собранието ја констатира оставката на претседателката на ДКСК Татјана Димитровска

Скопје, 29 јули 2025 (МИА) – Собранието денеска на почетокот на 64-та седница ја констатира оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска.

-Собранието врз основа на член 121 став 2 од Деловникот на Собранието констатира дека и престанува функцијата претседател на Државната комисија за спречување на комисијата, истакна Гаши, откако Димитровска не ја искортисти можноста да ја образложи оставката.

Димитровска поднесе оставка во петокот на 25 јули, откако Обвинителството за гонење организиран криминал и поднесе обвинение за две кривични дела и тоа за оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ, обвинет во „Адитив“, и за компјутерски фалсификат затоа што ревизор од ДЗР во нејзино име и го положил тестот за сертификат за државна тајна. Димитровска во оставката се повика на чл. 14 став 1 алинеја 1 од Законот за спречување на корупција без друго образложение.

Собранието на барање на пратеничката група на Европскиот фронт даде пауза од еден час, по која се очекува да се расправа за интерпелацијата за работата на Републичкиот Јавен обвинител  - Љупчо Коцевски, поднесена од опозициската Левица.

Засега се знае дека за интерпелацијата ќе гласаат пратениците на Левица, СДСМ се изјасни дека се против, лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски изјави дека нивните пратеници ќе ја поддржат интерпелацијата, додека ВМРО-ДПМНЕ се уште не соопштила како ќе се изјасни, а ДУИ најави дека тоа ќе го направат денеска. На новинарско прашање во врска со тоа како ќе гласаат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за интерпелацијата на Коцевски премиерот Христијан Мицкоски вчера кажа дека како политичка партија и тој како човек не ги менуваат ставовите преку ноќ. нд/вг/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

 

Остани поврзан