• петок, 22 ноември 2024

Собранието дел од Глобалниот самит на Партнерството за отворена власт во Талин, Естонија

Собранието дел од Глобалниот самит на Партнерството за отворена власт во Талин, Естонија

Скопје, 7 септември 2023 (МИА) - Делегација од Собранието составена од пратениците: Даниела Колева, Никола Мицевски и Арта Биљали Зендели; генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова; заменикот генерален секретар на Собранието Бојан Василевски; раководителот на Парламентарниот институт Златко Атанасов; како и претставници од партнерските организации за поддршка на Собранието, Роберт Скот Хејзлет и Едип Билал од НДИ; Александра Јовевска од ИДСЦС и амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија Н.Е. Вероник Улман Марти, учествувале на осмиот глобален самит на Партнерството за отворена власт (ПОВ/OGP), што се одржува на 6 и 7 септември 2023 година, во Талин, Естонија.

ПОВ е глобална иницијатива за отворено и транспарентно управување со вклучување на граѓаните и граѓанските организации заради уверувањето дека дизајнирањето и спроведувањето на активностите и политиките на ваков начин доведува до подобри резултати.

Стратешкиот фокус на ПОВ за следните години ќе биде: градење на партнерства и вмрежување; отворена власт на сите нивоа и во сите гранки на власта; да се прошири и заштити граѓанското општество; забрзување на реформите за отворена власт со иновации, дигитализација и размена на искуства.

- Во рамки на посетата беа одржани билатерални средби во парламентот на Естонија во врска со: дигитализација на услуги во парламентите, систем за е-петиција како дигитална форма за учество на граѓани и комуникација со јавноста преку веб страна, отворен ден во парламентот со сесии за анти-корупциски практики и политики, соопштија денеска од Собранието на РСМ.

Собранието, како законодавна власт, е дел на ПОВ од 2017 година и зад себе има два акциски плана, последниот за 2021-2023 година https://www.sobranie.mk/akciski-plan-pov.nspx . цр/са/

Фото: Собрание на РСМ

Остани поврзан