Соборени три беспилотни летала кои летале кон Москва
- Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, утрово соопшти дека биле соборени три украински беспилотни летала кои летале кон рускиот главен град.
Москва, 24 октомври 2025 (МИА) – Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, утрово соопшти дека биле соборени три украински беспилотни летала кои летале кон рускиот главен град.
- Службите за итни случаи работат на местото на паднатите остатоци, информира Собјанин на Телеграм.
Руските сили за противвоздушна одбрана во текот на ноќта собориле 111 украински дронови над 13 руски региони и Азовското Море, соопшти Министерството за одбрана на Русија. јт/