• четврток, 26 март 2026

Собир на Левица во Велес

Собир на Левица во Велес

4 октомври 2025

На народниот собир во Велес, освен претседателот на партијата Димитар Апасиев, присуствуваше и пратеникот Борислав Крмов, кој е и координатор на Изборна единица 3. Крмов се обрати пред граѓаните и зборуваше за цензурата со медиумско рекламирање што ѝ се прави на Левица, се наведува во партисјкото соопштение, што МИА го пренесува интегрално.

„Претседателот Апасиев и јас, како пратеник од оваа Изборна единица, сме тука за да дадеме поддршка на нашите членови од советничката листа. За локалните проблеми тие зборуваа и тие најдобро ги познаваат. Јас сакам да се осврнам на главната вест – забраната за рекламирање на Левица,“ рече Крмов.

Тој нагласи дека ова не е обична мерка, туку чекор карактеристичен за авторитарни режими:

„Граѓаните треба да знаат дека ова е политичка цензура. Авторитарните режими прво удираат на својот најголем непријател, а тоа очигледно е Левица. Ако СДСМ беше најголем противник на ВМРО-ДПМНЕ, ваква забрана ќе им се случеше ним. Како може триесет години тоа да не се случи никому, а денес се случува токму на Левица?“

Крмов предупреди дека ваквите процеси не застануваат само на партиите:

„Ова се, за жал, профашистички тенденции на власта. Прво ќе тргнат со политичките партии што им пречат, а потоа тоа ќе се префрли и кај граѓаните – со цензура, апсења и репресија. Затоа ова мора веднаш да се спречи.“

И покрај забраната, Левица најавува дека овој срамен чекор на власта ќе го претвори во предност:


„Нашиот наводен хендикеп, што нема да нè има во медиумите, ќе го претвориме во сила. Со тоа што Левица е единствената партија на која ѝ се забранува рекламирање, нè издвојуваат како единствена сила надвор од мноштвото. Ја акцентираат Левица како единствената партија што му прави проблем на ВМРО-ДПМНЕ и на целиот систем, како страно тело кое тие сакаат да го исфрлат.“

Крмов порача дека токму тоа е надежта на граѓаните:

„Луѓето триесет години чекаат нова, вистинска опција. Тоа е Левица – фактички, единствената опција на овие избори.“
https://www.youtube.com/watch?v=hxd3HzgRvXA

ПП Левица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан