• сабота, 17 јануари 2026

Снежна бура во Њујорк и Њу Џерси, откажани 1.659 летови

Снежна бура во Њујорк и Њу Џерси, откажани 1.659 летови

Њујорк, 27 декември 2025 (МИА) - Стотици летови се откажани поради снежната бура што ги зафати Њујорк и Њу Џерси и поголемиот дел од североисточните држави на САД.

Според FlightAware, кој го следи воздушниот сообраќај во американскиот воздушен простор, во земјата се откажани 1.659 летови - речиси десет пати повеќе од претходниот ден. Предупредувањето за зимска бура останува на сила за регионот, а на некои места има прогноза и за замрзнат дожд.

Националната метеоролошка служба на САД предвидува до 13 сантиметри снег во Њујорк и до 28 сантиметри во областите северно и североисточно од градот.

Локалните власти ги повикаа жителите да избегнуваат патувања и да останат дома доколку е можно.

Според медиумските извештаи, бурата би можела да ги донесе најголемите снежни наноси во градот во последните три години. Летовите се откажани и на аеродромите во Филаделфија и Балтимор, како и во Торонто, најголемиот деловен центар во Канада. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан