• понеделник, 20 мај 2024

Снег на превоите Буково и Пресека, магла на патот Делчево – Македонска Каменица

Снег на превоите Буково и Пресека, магла на патот  Делчево – Македонска Каменица

Скопје, 15 јануари 2024 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на планинските превои Буково и Пресека, но во моментов не преставува пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла од 70 до 80 метри има на патниот правец Делчево – Македонска Каменица, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан