• петок, 27 септември 2024

Снегот предизвика проблем во сообраќајот во Вевчани, улиците непрекинато се расчистуваат

Снегот предизвика проблем во сообраќајот во Вевчани, улиците непрекинато се расчистуваат
Вевчани, 1 февруари 2022 (МИА) – Снегот кој непрекинато врне речиси 18 часа во Вевчани предизвика проблеми во сообраќајот. Екипите на јавното претпријатие Еремја, како што информира градоначалникот Спасе Кочовски, се на терен и работат на расчистување на снегот. - Висината на снежната покривка е голема. Екипите на ЈП „Еремја“ се на терен и непрекинато 14 часа, расчистуваат, ги прават патиштата да се проодни, посочува Кочовски. Упати апел до граѓаните за трпение, нагласувајќи дека секаде ќе биде исчистено. сс/нд/

Остани поврзан