• среда, 19 март 2025

Смртна пресуда во Нигерија за „непристојна“ песна

Смртна пресуда во Нигерија за „непристојна“ песна
Абуџа, 1 октомври 2020 (МИА) - Жител на нигерискиот град Кано е осуден на смрт со бесење затоа што објавил „богохулна“ песна на социјалната комуникациска мрежа ВатсАп, пренесува „Мирор“. Јахја Шариф-Амину, 22-годишен музичар, е осуден на смрт за песна во која тој, според судот, „непристојно“ го спомнува Мухамед - според исламската вера, последниот пророк и гласник на Алах. На првото судско рочиште обвинетиот, кој во тоа време беше без адвокат, се изјасни за виновен. Подоцна изјави дека направил грешка. Нигерискиот директор на меѓународната организација за човекови права Амнести Интернешнл, Осај Оџиго го доведе во прашање праведноста на судењето и последователните обвинувања за објавата на ВатсАп. Десетици илјади луѓе во светот потпишаа петиција со која се повикуваат локалните власти да ја поништат казната. Сепак, државниот гувернер Абдулахи Умар Гандује има намера да ја потпише смртната казна веднаш штом заврши жалбената постапка. - Ќе ја потпишам без двоумење, рече тој. Претставнице на Советот за човекови права се загрижени за случајот Шариф-Амину. „Уметничкото изразување на нечие мислење и верување преку музика и други медиуми, дури и ако понекогаш ги повредува чувствата на верниците, е заштитено со меѓународното право“, велат тие. Според нив, „нелегално е да се криминализира овој начин на изразување“. Тие сметаат дека музиката не е кривично дело. паг/

Остани поврзан