• понеделник, 23 декември 2024

Смотрич: Договорот за прекин на огнот е пораз за Израел

Смотрич: Договорот за прекин на огнот е пораз за Израел

Тел Авив, 8 јули 2024 (МИА) - Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич денеска изјави дека изготвениот предлог за прекин на огнот и за ослободување на заложниците, со кој се пледира да се стави крај на војната во Газа, ќе биде пораз за Израел и тој не сака ништо да има со тоа, пренесуваат британските медиуми.

-Овој договор е пораз и понижување за Израел, рече Смотрич на состанокот на неговата партија, која е дел од коалициската влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

„Господине премиере, ова не е апсолутна победа. Ова е целосен неуспех. Ние нема да бидеме дел од капитулантскиот договор со Хамас“, додаде израелскиот министер за финансии.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан