• четврток, 14 ноември 2024

Сместувачките капацитети на охридското крајбрежје речиси полни

Сместувачките капацитети на охридското крајбрежје речиси полни
Струга, 18 јули 2022 (МИА) - Сместувачките капацитети на Охридското крајбрежје се исполнети повеќе од 80 проценти, а за викендите целосно, информира претседателот на Асоцијацијата за хотелиери ХОТАМ, Крсте Блкажески. Според него, традиционално, најбројни се туристите од Холандија и Полска, како и од соседството, но неизостануваат ниту домашните гости. Секојдневните поскапувања на производите и услугите, задаваат проблем и во овој сектор, посебно со веќе склучените договори. Заработувачката некаде е минимална. - Се прават корекции на некои договори, а некаде се намалуваат услугите во однос на цената. Неочекуваните поскапувања на електричната енергија и на останати производи ќе предизвикаат загуби кај некој хотелиери. Во летен период хотелите од сезонски карактер прават пари за да презимат и да поминат до следната сезона, вели Блажески. Во овој период, речиси целосна е исполнетоста и во помалите сместувачки капацитети, станови, апартмани и студија, а шпицот од туристичката сезона се чуствува и на плажите. Туристичките работници очекуваат поуспешна сезона во однос на претходните две години кога имаше пандемија во светски размери. сс/цр

Остани поврзан