Случајна средба на Кијану Ривс со обожавател
- Момчето, имено, побарало автограм од Ривс по летот од Лондон до Њујорк, а потоа „испука низа прашања како со рафал... Кијану со задоволство одговори на секое од нив“, напиша снимателот над ви

Њујорк, 7 јули 2022 (МИА) - Кијану Ривс уште еднаш покажа колку може да биде непосреден, близок со обожавателите и зошто е еден од најсаканите холивудски глумци денес... Случката ја сликал ТВ-продуцентот Ендрју Кимел, кој на Твитер објави и како се одвивал кусиот разговор на случајната средба меѓу холивудската ѕвезда и негов млад обожавател.
Момчето, имено, побарало автограм од Ривс по летот од Лондон до Њујорк, а потоа „испука низа прашања како со рафал... Кијану со задоволство одговори на секое од нив“, напиша снимателот над фотографијата.