• четврток, 26 март 2026

Слот: Не сите трошоци за нови играчи беа ефикасни

Слот: Не сите трошоци за нови играчи беа ефикасни

Ливерпул, 30 декември 2025 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, верува дека тимот сè уште не го сфатил целосно влијанието на своите големи трошоци за трансфери поради низа повреди.

- Мислам дека многумина веќе коментираа за сумите што ги потрошивме. Но, за жал, не сето тоа беше ефикасно, а тоа се должи на повредите на овие играчи, изјави Слот за ESPN.

Моментално на листата на повредени кај „Црвените“ се: 26-годишниот шведски напаѓач Александар Исак, 19-годишниот италијански дефанзивец Џовани Леони и 25-годишниот холандски дефанзивец Џереми Фримпонг.

Вкупно, трансферот на овие тројца играчи во Ливерпул чинеше приближно 230 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан