• вторник, 09 декември 2025

Слот за ситуацијата со Салах: Можеш да се вратиш од секоја ситуација

Слот за ситуацијата со Салах: Можеш да се вратиш од секоја ситуација

Ливерпул, 8 декември 2025 (МИА) – Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, ја коментираше ситуацијата со напаѓачот на тимот Мохамед Салах.

-Имав краток разговор со Салах. Секогаш верував дека можеш да се вратиш од секоја ситуација. Нема што повеќе да се каже. Не знам дали тој го одигра последниот натпревар во дресот на Ливерпул, рече Слот на денешната прес-конференција.

Претходно беше објавено дека Салах не е вклучен во составот на Ливерпул за натпреварот од Лигата на шампионите против Интер. Натпреварот ќе се игра утре во Милано.

Триесет и тригодишниот Египќанец не е стартер за Ливерпул во три последователни натпревари. По ремито 3:3 со Лидс во 15. коло од Премиер лигата на 6 декември, Салах го критикуваше клубот и холандскиот тренер за нивниот однос кон него. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан