• петок, 22 ноември 2024

Словенија ќе прогласи крај на епидемијата со Ковид-19

Словенија ќе прогласи крај на епидемијата со Ковид-19
Љубљана, 14 јуни 2021 (МИА) - Во Словенија во изминатите 24 часа регистрирани се само 24 новозаболени лица со Ковид-19  од 1.023 тестирани, поради што Владата одлучи од утре да не ја продолжи состојбата на епидемија. Но, и покрај тоа словенечката Влада одлучи во сила да останат дел од епидемиолошките мерки. Додека Словенија не влезе во „зелена фаза“ според критериумите на Европскиот центар за контрола на болестите (ЕЦДЦ), што се очекува на крајот од јуни или почетокот на јули, задолжително ќе биде носењето маски во затворен простор. Во сила останува и ограничениот број на присутни лица во затворени простории, а за присуство на концерти и други настани и понатаму ќе бидат потребни негативен тест на Ковид-19 или доказ за вакцинација. Словенеќчката Влада уште еднап апелираше до граѓаните да се вакцинираат. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан