Словенија за папата: Симбол на правдата и мирот
- Словенечките официјални претставници се простуваат од папата Франциск, кој почина денеска на 88-годишна возраст, опишувајќи го како инспирација за милиони луѓе и борец за правда и мир.
Љубљана, 21 април 2025 (МИА) - Словенечките официјални претставници се простуваат од папата Франциск, кој почина денеска на 88-годишна возраст, опишувајќи го како инспирација за милиони луѓе и борец за правда и мир.
Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар истакна дека „гласот на папата за мир и правда инспирираше милиони луѓе“, објави СТА.
Таа додаде дека фактот што папата почина на Воскресен понеделник или втор ден Велигден дополнително ја зајакна симболиката на неговото наследство - живот посветен на надежта и обновата. рп/
Фото: МИА архива