• четврток, 26 декември 2024

Словенечкиот парламент го потврди Роберт Голоб за премиер

Словенечкиот парламент го потврди Роберт Голоб за премиер
Љубљана, 25 мај 2022 (МИА) - Словенечкиот парламент денеска го потврди  Роберт Голоб за премиер. За Голоб гласаа 54 пратеници, 30 беа против, а еден глас беше неважечки. Пред гласањето, Голоб рече дека врз основа на големата доверба што му ја дале на изборите на 24 април, сака да им даде на Словенците „надеж за подобра иднина“ и да им ја врати „радоста во животот“. Алудирајќи на десничарската влада во заминување предводена од Јанез Јанша во изминатите две години, претседателот на партијата Движење на слободата рече дека граѓаните на изборите покажале дека сакаат да живеат во „нормална состојба“, а не во „постојана неизвесност“ .зш/

Остани поврзан