• четврток, 26 март 2026

Словачка ќе им дава привремен азил на Украинците до март 2026 година

Словачка ќе им дава привремен азил на Украинците до март 2026 година

Братислава, 26 февруари 2025 (МИА) – Владата на Словачка на денешната седница одлучи да обезбеди привремен азил за Украинците до 4 март 2026 година, а секое натамошно продолжување ќе биде автоматско и во рамките на одлуките на Советот на Европска Унија.

- Доколку причините за привремената заштита останат, Советот на ЕУ ќе ја продолжи по 4 март 2026 година, врз основа на предлог од Европска комисија, се наведува во предлогот доставен од словачкото Министерство за внатрешни работи.

Словачка обезбедува привремен азил за Украинците од почетокот на војната во Украина. Подоцна, доделувањето на привремен азил, вклучително и временското ограничување, беше усогласено со доделувањето привремена заштита во согласност со одлуката на Советот на ЕУ. ми/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан