• сабота, 21 декември 2024

Словачка ќе ги тестира сите граѓани постари од 10 години

Словачка ќе ги тестира сите граѓани постари од 10 години
Братислава, 17 октомври 2020 (МИА) – Словачка планира да ги тестира сите граѓани на возраст над 10 години за коронавирусот во следните два викенда, соопшти премиерот Игор Матович на денешната прес-конференција, додавајќи дека тоа е проект кој владата го подготвувала последните три недели. Сè уште не е јасно дали ваквото национално тестирање ќе биде задолжително или доброволно. Тестирањето на целото население, како што објасни Матович, е со цел да го открие вистинскиот број на заболени лица во земјата. Децата помали од 10 години нема да мора да бидат тестирани, рече словачкиот премиер објаснувајќи дека одлуката е донесена врз основа на совети на педијатри. Словачка има околу 5,5 милиони жители, а тестирањето ќе биде организирано слично како избори, така што ќе има околу 6.000 пунктови во земјата каде што ќе работат седумчлени тимови. јт/

Остани поврзан