• вторник, 19 ноември 2024

Словачка и Полска подготвуваат испорака на борбени авиони за Украина

Словачка и Полска подготвуваат испорака на борбени авиони за Украина
Братислава, 29 април 2022 (МИА) -  Словачка и Полска постигнаа договор за испорака на словачки борбени авиони МиГ-29 на Украина, објавија во Братислава министрите за одбрана на двете држави. Полска се согласи да го обезбеди словачкиот воздушен простор со своите американски Ф-16 доколку МиГ-овите повеќе не се достапни, изјави словачкиот министер за одбрана Јарослав Над. Неговиот полски колега Мариуш Блашчак го опиша како „совршено природно“ полските воздухопловни сили да ја прошират својата област на операции на јужниот сосед. Над и другите претставници на словачката влада првично негираа дека Словачка може да го исполни украинското барање за предавање на борбените авиони МиГ од советски дизајн. Засега, сепак, тие се незаменливи додека Словачка не ги добие Ф-16-овите што ги нарача од САД пред неколку години. зш/

Остани поврзан