Слики од „Виножито од Тиквешко" на Владимир Темков на изложба во Турција
- Кавадаречкиот ликовен уметник Владимир Темков денеска најави негова изложба во Бодрум, Турција, што ќе се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Северна Ма

Кавадарци, 16 август 2022 (МИА) - Кавадаречкиот ликовен уметник Владимир Темков денеска најави негова изложба во Бодрум, Турција, што ќе се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија.
-Започнаа подготвителните работи околу изложбата на мои слики во Мор Сант галеријата, што ќе биде отворена во септември. Изложбата е насловена „Романтична приказна во Бодрум". Се работи за 30 дела од последниот циклус „Тиквешко виножито", на кои се претставени виното и житото што се раѓаат под тиквешкото сонце, појасни Темков.
Тој најави дека во октомври, овие слики ќе бидат изложени во галерија во Солун, Грција.
-Со овие изложби, како впрочем и сите други, се промовира македонската култура во светот, дециден беше Темков. свд/рп/