• понеделник, 23 декември 2024

Слепите лица од Штип сметките за вода ќе ги добиваат на Брајово писмо

Слепите лица од Штип сметките за вода ќе ги добиваат на Брајово писмо

Штип, 13 октомври 2023 (МИА) - Слепите лица од Штип кои го користат Брајовото писмо од понеделникн сметката за вода и комунален отпад од ЈП „Исар" ќе ја добиваат на Брајово писмо. Оваа одлука произлезе од денешниот настан по повод одбележување на Денот на белиот стап.

Претседателот на Здружение на слепи лица- Штип рече дека првпат во државата во Штип ќе се вовоеде ваква пракса слепите лица сами да може да прочитаат колку вода потрошиле и колку треба да платат. 

- Со денешната средба по повод 15 октомври со Кирил Зајков се договоривме за лицата кои го познаваат Брајовото писмо и кои можат да се служат со него да ги изготвуваме месечните сметки за потрошена вода или комунални услуги на Брајово писмо за да може они самите да видат колку потрошиле, колку треба да платат и слично, вели Витанов. 

Директорот на ЈП „Исар"- Штип,  Кирил Зајков посочи дека ова е од големо значење и за нив.

- Ова за нас значи многу бидејќи ние сме како Јавно претпријатие насочени кон граѓаните и реализирање на сите нивни барања и ова што денеска е договорено веќе од понеделник ќе го практикуваме. Сите лица кои ќе бидат доставени од здружението до претпријатието сметките ќе бидат издвоени и ќе бидат напишани на Брајово писмо, вели Зајков. 

Во однос на користењето на Брајовото писмо на документи во јавните институции, Витанов вели дека нема потреба оти многу е мал бројот на лица кои го знаат истото. 

Училиштетото во Скопје каде што се изучува Брајово писмо има се помал број ученици односно лица со оштетен вид, дециден е Витанов.

Со доделување на плакети и благодарници, дружење и презентирање на проблемите, придобивките и недостатоците со кои се соочуваат слепите лица се одбележа Денот на белиот стап 15 октомври.  Витанов посочи дека поголем дел од недостатоците се веќе надминати со што може полесно да функционираат и овие лица. Дециден е дека треба да се поработи дополнително на инфрастуктурата. 

- Градскиот превоз слепите лица да го корситат бесплатно, со своите придружници. Друга една работа е продолжување на дислоцирање на вертикалните знаци кои се поставени на тротоарите и ни прави проблем на сите, вели Витанов.

Поголем дел од слепите лица имаат и лични асистени со што им се олеснува начинот на живот. Од ОО Црвен крст Штип посочија дека нареднииот период ќе се објави нов конкурс за обука на лични асистенти за лицата со попречености.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов додели ваучер од 15 илјади денари на Здружението на слепи лица Штип. Забележа дека се работи на прилагодување на инфрастуктурата во градот за потребите на овие лица.

Во оваа прилика Јорданов додаде дека соработката на Општина со здружението продолжува и во иднина со цел да се олесни начинот на живот на лицата со оштетен вид. вдј/цр

Фото: МИА

Остани поврзан