• понеделник, 16 март 2026

Следните денови врнежи од дожд и посвежо

Следните денови врнежи од дожд и посвежо

Скопје, 16 март 2026 (МИА) - Поради спуштање на ладна воздушна маса, следните денови не очекува промена на времето. Ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои во западните делови ќе бидат пообилни.

Врнежите на повисоките места можно е да преминуваат во дожд и снег, а на планините од снег. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. 

Во среда во источните делови ќе дува умерен ветер претежно од јужен правец, а во западните делови од западен правец. Од четврток ветерот ќе го смени правецот во северен. 

Во Скопје, посвежо со повремени врнежи од дожд. До среда ќе дува јужен, а во четврток и петок умерен до засилен северен ветер. бак/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан