Следната недела заедничка воена вежба на Турција и Египет
- Турција и Египет ќе одржат заедничка воена вежба во источниот дел на Медитеранот од 22 до 26 септември, изјави денеска портпаролот на турското Министерство за одбрана, Зеки Актурк
Анкара, 18 септември 2025 (МИА) – Турција и Египет ќе одржат заедничка воена вежба во источниот дел на Медитеранот од 22 до 26 септември, изјави денеска портпаролот на турското Министерство за одбрана, Зеки Актурк.
Тоа ќе биде прва заедничка воена вежба на Турција и Египет по 13 години во која ќе учествуваат единици на турските воздухопловни сили и морнарица и египетската морнарица.
Актурк наведе дека целта на воената вежба наречена „Море на пријателството“, е „развој на билатералните односи меѓу Турција и Египет и зголемување на нашата интероперабилност“. ми/
фото: МИА архива