• недела, 22 декември 2024

Слави Трифонов позитивен на тестот на Ковид-19

Слави Трифонов позитивен на тестот на Ковид-19
Софија, 10 април 2021 (МИА) - Лидерот на втората политичка сила на неодамнешните парламентарни избори во Бугарија, „Има таков народ“, Слави Трифонов е позитивен на тестот на Ковид-19, изјави денеска заменик претседателот на партијата Тошко Јорданов. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во соопштението до медиумите Јорданов наведува дека Трифонов имал симптоми на коронавирусот, но денеска тестот се покажал позитивен. - Господин Трифонов е добро, се наоѓа во карантин и ги почитува сите барања и правила на Националниот кризен штаб, истакна Јорданов. Ноќта на парламентарните избори во Бугарија на 4 април, лидерот на бугарската партија „Има таков народ“ објави дека има симптоми на Ковид-19, по што ги направи потребните испитувања. Претходно денеска, шест дена по изборите во Бугарија, лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов на Фејсбук им се заблагодари на своите избирачи. - Во име на моите колеги и во мое име, искрено им се заблагодарувам на сите што гласаа за нас. Ова е значењето на довербата, а довербата е највисоката форма на човечка комуникација, напиша Трифонов на својот фејсбук-профил. Тоа се случи откако во утринскиот блок на БНТ, лидерот на Бугарската социјалистичка партија (БСП) Корнелија Нинова најави дека ќе поддржи евентуална влада предложена од Трифонов. нк/гт/

Остани поврзан