• понеделник, 23 декември 2024

Скулптура направена од железо од отпад поставена во центарот на Босилово

Скулптура направена од железо од отпад поставена во центарот на Босилово
Струмица, 12 ноември 2022 (МИА) - Скулптура направена од железо од отпад, дело на ликовниот уметник Никола Пијанманов, е поставена во центарот на Општина Босилово. Скулптурата е насловена „Атлас“ и го прикажува митолошкиот титан кој е казнет да ја носи на свои раце планетата Земја. Според авторот, оваа скулптура на алегоричен начин го прикажува човекот кој се бори со тежината на светот, на кој му се закануваат различни катаклизми. -Земјата се соочува со еколошки катастрофи, како и со заканите од катаклизми, воени и природни. Делото отвора прашања за опстојувањето на овој свет, како и за храброста и пожртвуваноста да се преживее неговата тежина, рече авторот Пијанманов. Скулптурата висока 4 метри е поставена пред Домот на културата во Босилово, а изработката траела два месеци и е дел од активностите на „Босилово културно лето 2022“. рт/ев/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан