• понеделник, 23 декември 2024

Скрекас ја информирал Локман за енергетските проекти на Грција со Северна Македонија и Бугарија

Скрекас ја информирал Локман за енергетските проекти на Грција со Северна Македонија и Бугарија

Скопје, 22 февруари 2023 (МИА) – Енергетската политика на Грција, но и енергетските проекти со Северна Македонија и Бугарија, според грчката новинска агенција АНА-МПА, биле дел од темите за кои министерот за животна средија и енергија на Грција Костас Скрекас, ја информирал заменик- помошничката секретар на САД за енергетска дипломатија Лаура Локман.

Како што објави АНА-МПА, Скрекас ја информирал Локман за владината енергетска политика и поддршката за граѓаните, за грчките иницијативи во рамките на ЕУ за обезбедување прифатливи цени, но и за „стратешкото зголемување на поврзаноста со соседните земји и имплементацијата на клучните инфраструктури за природен гас и електрична енергија, како што се грчко- бугарскиот гасовод ИГБ и новиот гасовод за природен гас со Северна Македонија, чија изградба ќе започне наскоро“.

Локман, според истите информации, рекла дека е импресионирана од напредокот на Грција во областа на обновливите извори на енергија и ја посочила клучната улога на Грција како столб на енергетската стабилност и безбедност во поширокиот регион Југоисточна Европа. ср/дма/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан