• понеделник, 23 декември 2024

Скопје очекува допонителни 15 000 - 20 000 ноќевања од странски туристи за Европското одбојкарско првенство

Скопје очекува допонителни 15 000 - 20 000 ноќевања од странски туристи за Европското одбојкарско првенство

Скопје, 21 јули 2023 (МИА) - Допонителни 15 000 - 20 000 ноќевања од странски туристи го очекуваат Скопје кој е еден од градовите домаќини на претстојното Европско првенство во одбојка.

Како што рече денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски, се очекува зголемен број навивачи од Холандија, Полска, Црна Гора, но и од други земји.

-Скопје очекува значително зголемен број туристи за Европското одбојкарско првенство. Главниот град ќе има дополнителен „буст“ со Европското одбојкарско првенство и по едната група во август и септември, очекуваме дополнителни 15 000 - 20 000 ноќевања од дестинации - навивачи од Холандија, Полска, Црна Гора и други земји, истакна Јаневски на средба со новинарите.

Според него, се покажува дека спортскиот туризам, како и авантуристичките форми на туристичката понуда и трајните врски со одредени пазари и тур оператори на светско ниво, даваат резултати. мч/бак/

фото: МИА

 

Остани поврзан