• понеделник, 25 ноември 2024

Скопје домаќин на третиот ФИБА турнир „Заедно до 16“

Скопје домаќин на третиот ФИБА турнир „Заедно до 16“

Скопје, 31 октомври 2023 (МИА) - Македонската кошаркарска федерација ќе биде домаќин на третиот по ред ФИБА турнир од проектот „Заедно до 16“ во машка и женска конкуренција, што од утре до недела ќе се одржи во СРЦ „Кале“ во Скопје.

Покрај македонските селекции, на турнирот ќе настапат и репрезентациите на Бугарија, Турција, Косово и Романија составени од кошаркари и кошаркарки родени 2009 година и помлади.

Двете македонски селекции турнирот ќе го почнат со дуели против Бугарија, в петок, по што следуваат натпреварите против Косово, Турција и Романија.

Македонската машка селекција ја предводи селекторот Владимир Мирковски, додека предводник на женската репрезентација е Горан Крстевски. ег/нд/

Фото: КФСМ

Остани поврзан