• понеделник, 23 декември 2024

Скопје домаќин на Балканска лига за млади пингпонгари

Скопје домаќин на Балканска лига за млади пингпонгари
Скопје, 6 февруари 2020 (МИА) - Во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје претстојниот викенд ќе се одржи второто коло од Балканската пингпонгарска регионална лига за млади играчи. Првото коло се одржа во Приштина, Косово каде што јуниорките од македонската репрезентација беа убедливо први во поединечна и екипна конкуренција. Во натпреварите учествуваат кадетски и јуниорски состави. Екипните натпревари се планирани за во сабота, додека поединечните натпреварувања се во недела. Македонската репрезентација ќе ја претставуваат: Даниел Главевски, Теодор Волкановски, Бојана Михаловска и Ана Стојановска (јуниори); Борис Секулов ППК, Лука Стојчев, Сара С.Стојановска и Васе Богоевска (кадетска конкуренција). Покрај македонската, на првенството ќе учествуваат и косовската и црногорската селекција. зс/

Остани поврзан