• петок, 22 ноември 2024

Скопјанец физички ги нападнал сопругата и малолетната ќерка

Скопјанец физички ги нападнал сопругата и малолетната ќерка

Скопје, 22 мај 2024 (МИА) – Полицијата вчера уапсила скопјанец кој во семејниот дом на подрачје на општина Аеродром, по претходна расправија, физички ги нападнал сопругата и малолетната ќерка.

Како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, била оштетена и дел од покуќнината.

- На 21.05.2024 во 12.25 часот, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода Ѓ.Р.(44) од Скопје, затоа што околу 11 часот во семејниот дом на подрачје на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, физички ги нападнал својата 49-годишна сопруга и својата малолетна ќерка, а оштетил и дел од покуќнината, стои во соопштението до МВР.

Оттаму дополнуваат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ар/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан