• сабота, 10 август 2024

Скопјанец се здобил со изгореници во пожар на сува трева и предизвикал опасност од пожар во Оморани

Скопјанец се здобил со изгореници во пожар на сува трева и предизвикал опасност од пожар во Оморани

Велес,10 август 2024 (МИА) - Во СВР Велес вчера во 11:20 часот било пријавено дека 84 - годишниот М.Б. од Скопје предизвикал општа опасност во село Оморани, Општина Чашка кога во дворното место од неговата куќа била опожарена сува трева. 

СВР Велес информира дека М.Б. од пожарот се здобил со изгореници констатирани во Општа Болница - Велес.

Увид на местото на пожарот извршила екипа од СВР Велес. ад/ев/

ФОТО: МИА Архива 

Остани поврзан