• петок, 22 ноември 2024

Скопјанец под истрага за пронајдени оружје, муниција и дрога

Скопјанец под истрага за пронајдени оружје, муниција и дрога
Скопје, 18 септември 2020 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице заради основано сомнение дека сторил кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а надлежен обвинител вечерва достави предлог за одредување мерка притвор. Како што информира ОЈО, ссомничениот 24-годишник, во текот на април и почетокот на мај годинава, во импровизирани бункери од пластични цевки, закопани во земја во пошумениот дел меѓу улиците „Алпи“ и „Коце Металец“, неовластено држел поголемо количество оружје и муниција, како и наркотична дрога – хероин. Притоа, на различни локации биле пронајдени автоматска пушка 70 F 6699 со пластичен кундак и калибар 7,62мм, 27 куршуми за таа пушка, полуавтоамтска снајперска пушка со калибар 7,9мм, автоматско оружје со навој за пригушувач со калибар 7,65мм на кое биле залепени две рамки со 34 куршуми, два пригушувачи, уште три автоматски и една полуавтоматска пушка завиткани во крпи, како и уште 38 куршуми. Освен ова, во пластично буре била пронајдена наркотична дрога – хероин со вкупна нето количина од 2.362,1 грам, спакувана во пет полиетиленски пакувања. Надлежниот јавен обвинител, поради опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје вечерва достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​ вј/лв/

Остани поврзан