Скопјанец лишен од слобода, поранешната сопруга го пријавила за закани и физички напад
- Скопјанец бил лишен од слобода, откако поранешната сопруга го пријавила за закани и физички напад, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Неготино, 30 август 2025 (МИА) - Скопјанец бил лишен од слобода, откако поранешната сопруга го пријавила за закани и физички напад, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
-Вчера во 09:50 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР - Неготино, го лишиле од слобода И.П.С., 34-годишник од Скопје, а по претходна пријава од неговата 36-годишна поранешна сопруга, според која, тој дошол во нејзиниот дом во Неготино, при што ѝ упатил закани и физички ја нападнал, појаснија од СВР - Велес.
И.П.С. бил задржан во полициска станица. Известени биле јавен обвинител и Центарот за социјални работи - Неготино.
По документирање на настанот, како што истакнаа од СВР - Велес, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок. свд/вј/
Фото: МИА архива