• недела, 22 декември 2024

„Скопски маратон 2022“ со над 8.500 натпреварувачи од 47 држави

„Скопски маратон 2022“ со над 8.500 натпреварувачи од 47 држави
Скопје, 2 октомври 2022 (МИА) - „Виз Ер Скопски маратон“ ќе се одржи денеска во Скопје. Ќе учествуваат 8.500 професионални и аматерски натпреварувачи од 47 држави. Организаторите апелираат до жителите на главниот град масовно да излезат на улиците и да им дадат силна поддршка на учесниците. Скопскиот маратон традиционално е во организација на Сојузот на спортови на Град Скопје, а и годинава се организира со поддршка со локалните власти, бројни спортски клубови и асоцијации, под покровителство на Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт и Канцеларијата на Европската унија. Стартот на маратонот, полумаратонот, штафетната маратонска трка, како и трката на пет километри ќе биде во 8 часот пред Собранието, а целта на сите трки повторно ќе биде на Плоштадот „Македонија“. Скопскиот маратон годинава ќе има измената рута која ќе се движи од центарот на Скопје, до населбата Хром, по што рутата се враќа назад до центарот на градот преку булеварите „Трета Македонска бригада“, „Србија“ и „Јане Сандански“. Годинашното издание на 18. „Виз Ер Скопски маратон“ е со финанисиска поддршка од Град Скопје. Годинашното издание на маратонот ќе биде посветено на основачот на манифестацијата Ѓорѓи Кузмановски, кој почина во понеделникот на 80-годишна возраст. Манифестацијата е поддржана од голем број спонзори, а авиокомпанијата „Виз Ер“ на сите учесници и оваа година ќе им додели ваучери во износ од 20 евра. рп/сп/

Остани поврзан