• петок, 20 декември 2024

Скандинавските земји ќе ја продлабочуваат соработката на полето на безбедноста мотивирани од руската агресија

Скандинавските земји ќе ја продлабочуваат соработката на полето на безбедноста мотивирани од руската агресија
Осло, 15 август 2022 (МИА) - Петте скандинавски земји соопштија дека сакаат да градат уште поблиска соработка на полето на безбедноста и одбраната во иднина, а на тоа ги поттикна руската инвазија на Украина, јави ДПА. - Веруваме дека нордиската интеракција е поважна од кога било во овие времиња, изјави денеска норвешкиот премиер Јонас Гаре Сторе по состанокот со неговите колешки во Осло. Петте лидери се согласија да им наложат на министрите за одбрана и за надворешни работи на нивните земји да ги разгледаат сите сфери на безбедносната политика за да видат дали можеме да ги продлабочиме и максимизираме нашите заеднички интереси, рече тој. На средбата се разговараше и за процесот на пристапување во НАТО на Шведска и Финска, климатските прашања и енергетската соработка. Германскиот канцелар Олаф Шолц им се придружи на премиерите на Норвешка, Шведска, Финска, Данска и Исланд за дел од разговорите. Германската влада со месеци се обидува да воспостави поблиско партнерство со нордиските земји за да ја намали зависноста од увозот на руски гас. Норвешка стана најважниот снабдувач на гас на Германија откако испораките на руски гас нагло паднаа во јуни. Подоцна денеска Шолц ќе отпатува за Шведска, каде утре претпладне ќе има средба со премиерката Магдалена Андерсон. ссм/

Остани поврзан