• петок, 04 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Си Џинпинг во Југоисточна Азија: Кина и Малезија потпишаа повеќе договори за соработка

Си Џинпинг во Југоисточна Азија: Кина и Малезија потпишаа повеќе договори за соработка

Куала Лумпур, 16 април 2025 (МИА) - Кина и Малезија потпишаа повеќе договори за соработка за време на посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Куала Лумпур, со цел зајакнување на соработката меѓу двете земји во областа на трговијата и безбедноста.

Лидерите на двете земји, кои годинава одбележуваат 50 години дипломатски односи, договорија посилна соработка на полето на безбедноста, трговијата со услуги и железничката инфраструктура, пренесува агенцијата Кјодо.

Како што е наведено, малезискиот премиер Анвар Ибрахим рече дека Кина е „многу важен партнер“, додека Си Џинпинг рече дека двете земји ќе работат заедно за да ја зачуваат стабилноста во Азија и да се спротивстават на протекционизмот. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан