• сабота, 23 ноември 2024

Си купила мало бело маче, кое прерасна во огромен мачор

Си купила мало бело маче, кое прерасна во огромен мачор
Њујорк, 21 јануари 2022 (МИА) - Кога Русинката Јулија Минина, нејзиниот сопруг и двете деца си вдомиле мало маче, таа немала поим дека ќе заврши со миленик тежок 12,5 килограми, за којшто верува дека е најголемиот мачор на светот. Нејзините ќерки го нарекле Кефир... - Никогаш досега не сме имале мачка. Гледавме реклами и случајно видовме мало бело маче. Веднаш се вљубив во него, вели таа. Меѓутоа, кога отишла да го земе, малку се разочарала, бидејќи тој ѝ бил поубав на фотографиите. - Никој не ни помислуваше дека „грдото пајче“ ќе прерасне во „големо бело чудовиште“, вели таа. Кефир ужива во друштво на сопствениците, па за година и 10 месеци ја утроил неговата тежина. Семејството вели дека овој мачор е многу паметно животно. Патем, неговата раса „Мејн кун“ важи за најголемиот вид питоми мачки во светот и најстара природна раса мачки во Северна Америка. Таа е официјално државно животно на американската сојузна држава Мејн. - Оваа раса расте 3 - 4 години. Мислам дека мачорот ќе биде уште поголем, рече Јулија. Таа истакна и дека многумина не веруваат дека се работи за вистинска мачка, туку мислат дека фотографиите се „Фотошоп“. - Многумина сакаат и да го купат, но тоа не е в ред. Никогаш нема да го напуштиме, нагласува Јулија.  си/паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан