• понеделник, 23 декември 2024

Си: Вистинската демократија во Хонгконг започна по неговото враќање на Кина

Си: Вистинската демократија во Хонгконг започна по неговото враќање на Кина
Хонгконг, 1 јули 2022 (МИА) - Вистинската демократија во Хонгконг започна по неговото враќање на Кина, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг на церемонијата по повод 25-годишнината од враќањето на градот од Велика Британија на Кина. - По враќањето во татковината, жителите на Хонгконг станаа господари на сопствениот град. Вистинската демократија во Хонгконг започна во тој момент, истакна Си. Тој додаде оти нема никаква причина за промена на принципот „една држава, два система“, според што Хонгконг има автономија. Моделот е „многу добар систем, нема никаква причина да го промениме и треба да се зачува на долгорочен план“, смета Си и подвлече дека сè што направил Пекинг, „беше за доброто на Хонгконг“. Си учествуваше и на церемонијата на инаугурација на новиот шеф на Владата во Хонгконг, Џон Ли. бд/паг/

Остани поврзан